
Македонските ракометни тимови Металург и Вардар сепак ќе играат во финалето на Струшкиот турнир. Вардар беше подобар од Металопластика, а македонскиот шампион Металург лесно и убедливо го совлада полскиот Азоти Пулави со 33-26.
Најефиксен беше Дејан Манасков со девет гола. Лука Циндриќ постигна седум гола од седум обиди, а Дарко Ѓукиќ шест од шест. Вуко Борозан во решавачките минути постигна четири гола. Никола Митревски иако не го почна мечот, заврши со 12 одбрани.
Финалето меѓу Металург и Вардар ќе се игра утре, во 21:30. Претходно Азоти Пулави и Санкт Петербург ќе се соочат за трето место, во 19:15, а Металопластика и Кретеј на Борко Ристовски ќе играат за да го избегнат последното шесто место, во 17:30.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


