| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија пресилна, македонските кадети поразени со 31-16

Шпаниј е велесила во ракометот, има одлични селекции во сите категории, а извонредниот квалитет го презентира и денеска против Македонија со победа од 31-16 на Европското првенство за играчи до 18 години.

„Црвената фурија“ нѐ стопи во второто полувреме во опасен налет од самиот старт на продолжението. Шпанците го добија овој дел од играта со 20-8, презентирајќи брз, модерен, моќен ракомет.

Избраниците на македонскиот селектор Александар Јовиќ играа солидно само во првиот дел, а надежите за евентуален подвиг имаа поткрепа до 30 минута кога на семафорот стоеше резултат 11-8 за Шпанија. Сѐ потоа беше во знакот на фаворитот во групата Б, Шпанија, која со игрите во Гдањск покажа дека е фаворит за медал.

Македонија сега се надева на пораз на Русија од Данска за да може во последната рунда со евентуален триумф над Данците да го освои второто место во групата и да остане во битка за пласман натаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top