| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе загина при екплозија на гас во Тајван, 13 лица повредени

Едно бебе загина, а 13 луѓе се повредени денеска во експлозија на гас во стан во главниот град на Тајван, Тајпеј.

Експлозијата се случила во еден стан во 17-катна зграда, по што избил пожар, кој набрзо бил изгаснат од пожарникарите.

Портпаролот на локалната противпожарна служба изјави дека едногодишното дете починало од здобиените изгореници.

Пред две недели при експлозија на гас во јужен Тајван загинаа 30 лица, а 300 беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top