| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија сѐ поблиску до организатор на ЕП 2020

На 19 септември извршниот одбор на УЕФА ќе одбере 13 града што ќе бидат домаќини на ЕП во 2020 година. Предлогот на претседателот на ФИФА по повод 60 години од првото Европско првенство во фудбал во 2020 година да се игра во 13 града, извршниот одбор на ФИФА го прифати во 2012 година и оттогаш собираше кандидатури за градови-домаќини.
Скопје со арената „Филип Втори“ поднесе кандидатура и се очекува да биде избран на 19 септември како еден од 13 града-домаќини.
Македонија конкурира за едно од двете места во кои се бара стадион со околу 30 илајди гледачи (Филип Втори 33.500). Во оваа категорија се пријавени четири града, а Скопје ќе биде битка со Копенхаген од Данска, Минск од Белорусија и Баку од Азербејџан. Во Скопје ќе треба да се играат натпревари од групната фаза на Европското првенство.
Само два града се кандидирани за организација на полуфиналните и финалниот натпревар. Организаторот на завршницата ќе се бара меѓу Лондон (Англија) со „Вембли“ и Минхен (Германија) со „Алијанц арена“.

КАНДИДАТУРИ ЗА ЕП 2020:
Азербејџан (Баку), Белорусија (Минск), Белгија (Брисел), Бугарија (Софија), Данска (Копенхаген), Англија (Лондон), Македонија (Скопје), Германија (Минхен), Унгарија (Будимпешта), Израел (Ерусалим), Италија (Рим), Холандија (Амстердам), Р. Ирска (Даблин), Романија (Букурешт), Русија (Санкт Петербург), Шкотска (Глазгов), Шпанија (Билбао), Шведска (Стокхолм) и Велс (Кардиф).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top