Навивачите на Њукасл патуваат најмногу од сите симпатизери во англиската Премиерлига, а тоа се должи на местоположбата на градот и на клубот. Од Северот до 19 дестинации каде што ќе гостуваат популарните „чавки“ од Њукасл, навивачите што ќе ги следат натпреварите на своите миленици на гостувањата, ќе прејдат вкупно 13. 193 километри.
Најдолгиот пат ќе биде до Свонси во Велс, а оддалеченоста од Њукасл до Свонси е 1.100 километри во еден правец. Најлесно за симпатизерите на Њукасл, но и најслатко, ќе им биде на локалното дерби со Сандерленд, a ќе треба да патуваат само 16 километри до „Стадионот на светлината“.
Педантните Англичани пресметале дека по автомобил за сите гостувања на Њукасл навивачите ќе треба да издвојат по 1200 евра за бензин, а дополнителни трошоци се купувањето билети, храна и пиво.
Во сосема спротивна позиција се навивачите на клубовите од Бирмингам. Симпатизерите на Астон Вила и на Вест Бромвич Албион ќе патуваат на најмали оддалечини во километри, поради одличната местоположба на вториот најголем град во Англија, Бирмингам.
Шампионатот на Англија почнува викендов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


