Технологија позната како ектогенеза е во развој од 2001 година и во претходните експерименти било вклучено одгледување на ембриони од глувци во матки поврзани со “плацента – Машина”
Застапниците на оваа техника за развој на човечкиот ембрион веруваат дека тоа би можело да го намали бројот на мртвородени деца, бидејќи фетусите можат да ги следат во текот на развојот. Но критичарите велат дека поради тоа ќе мора да бидат редефинирани општествените улоги.
Други истакнуваат дека оваа техника ќе ги отстрани врската помеѓу мајката и детето.
Ектогенезата може да се користи во случаи кога жената природно не може да го носи детето, како резултат на одредени болести и повреди. Технологијата исто така, ќе ја елиминира потребата за сурогат мајки за хомосексуалните и хетеросексуалните двојки.
Американско унгарскиот футуролог Золтан Иштван верува дека оваа технологија ќе биде достапна за дваесет години, а во широка употреба за 30. Тој тврди дека веќе постои, но тестирањето врз луѓето е одложено поради етички и правни проблеми.
– Дури и ако такво нешто е можно, прашањето е дали луѓето ќе сакаат. Јас мислам да – вели Иштван.
Феминистистката Андреа Дворкин во 2012 ја критикуваше ваквата технологија.
– Жените веќе имаат моќ да ги елиминираат мажите, но тие одлучија да не го сторат тоа. Вистинското прашање е дали мажите кога вештачка матка ќе биде усовршена ќе сакаат да ја задржат жената – вели таа.
Друго прашање што оваа технологија го отвори прашањето и за оправданоста на абортуси
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)