| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија продолжува со серијата победи во квалификациите

Во второто коло од групата Д во квалификациите за европското првенство во кошарка 2015 година Македонија на гостински терен го победи аутсајдерот Данска со 81-75.
Играта може да се заборави се памти само резултатот. Избраниците на селекторот Александар Џикиќ се мачеа во текот на целиот натпревар да го скршат резулатот. Натпреварот беше неизвесен, но Македонија секогаш беше во водство. Никогаш не успеа да се одлепи повеќе од осум разлика кога со разултат 36-44. Во вториот дел Војдан Стојановски по постигнатите пет поени во низа ја заработи четвртата лична грешка по што Џикиќ одлучи да го седне на клупата и да го сочува за финишот од натпреварот. Тоа го искористија Данците кои со две брзи тројки ја намалија разликата на пет поени. Повторно серија на Македонија од седум поени преку Бојан Трајковски. Данска не се предаваше и успеа да повторно да се доближи на само четири поени. Во последната минута Данска беше во напад, но не успеа да реалзиира по што Соколов со брза контра лесно положи и го постави конечниот резултат 75-81.

Kosarka Makedonija Belgija 10 (Custom)

Најефикасни во нашиот табор беа Дарко Соколов, Војдан Стојановски и Марко Симоновски кои постигнаа по 12 поени. Александар Костовски, Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски додадоа по девет. Кај Данците се истакнаа Реинхолт и Сеилунд со 17 односно 16 коша.
Победата е повеќе од важна во овој циклус бидејќи по ова гостување Македонија продолжува во Белорусија која успеа во првото коло да ја декласира Данска, а ова коло гостува во Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top