| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ги победи Анри и Волкот во Арсенал?

Ектор Белерин е новата голема фудбалска надеж на Арсенал, а 19-годишниот Шпанец веќе си најде место меѓу легендите на клубот од Лондон. Тој е играчот што го урна рекордот во спринт на 40 метри, претходно во сопственост на Тјери Анри, па на Тео Волкот.

Што е уште поинтересно Ектор е дефанзивец, а од неговите тркачки капацитети пријатно изненаден е токму претходниот рекордер во Арсенал Тео Волкот.

„Ектор е брз како ветер и ми ги урна рекордот. Но, тоа така оди. Јас го надминав легендарниот Тјери Анри, а Белерин го собори мојот рекорд“, вели Волкот. Белерин трча на 40 метри спринт за околу 4,30 секунди, а претходно Волкот со резултат 4,42 го урна големиот Тјери Анри и неговиот најбрз спринт од 4,86 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top