Реприза од второто полувреме против Белгија, кога македонските репрезентативци одиграа беспрекорна одбрана е главната цел и вечерва на вториот квалификациски дуел против Данска за пласман на Евробаскет 2015.
Подмладениот состав на Македонија осоколен по подвигот и победата над Белгија, посакува нов успех и бодови за успешен старт. Данците загубија со 25 поени разлика од Белорусија на гости и навидум би требало да бидат лесен плен за избраниците на Александар Џикиќ.
„Нема лесни натпревари, повторно одиме да дадеме се од себе и одиме да одиграме најдобро што знаеме како тим. Особено ни е важна играта во одбраната. Против Белгија одигравме добро во одбрана во второто полувреме и успеавме да направиме пресврт и да победиме. Ако успееме да ја повториме таа игра и против Данска, резултатот сам ќе си дојде“, вели Марко Симоновски. Тој беше клучниот играч за победа против Белгија со погодена тројка на неполни 3 секунди од продолжението.
Вечерва ќе се игра во „Хорсенс“ арена од 19,30. Три дена подоцна ќе и гостуваме на Белорусија во Минск, па одиме во Шарлроа на 20 август на мегдан на Белгија и за крај на квалификацискиот циклус ќе играме два меча дома, против Белорусија и со Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


