| четврток, 6 декември 2018 |

Младиот Царски орел летна кон височините

orel

Младиот Царски орел повторно летна во височините. Тој денеска беше ослободен, по три недели поминати во скопската Зоолошка градина.

Боби Арсовски и другите членови од Здружението за заштита на бувовите, по чија иницијатива беше згрижен орелот, како и персоналот од Зоолошкатта градина. Тие се грижеа за него и го обучуваа да преживее сам. Кога орелот, стар неколку месеци бил пронајден, бил неподготвен за живот во дивината.

orel2

Царскиот орел прво беше прстенуван и бележан во скопската Зоолошка градина, а потоа ослободен во близна на велешката депонија.

orel1

Царски орел е имозантна граблива птица која некогаш била широко распостранета, а денес е на раб на изумирање. Благодарение на интензивните програми за заштита, сега има 120-130 двојки царски орли во Словачка и Унгарија и 80-100 двојки во Македонија и Бугарија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top