| четврток, 6 декември 2018 |

Мангала најскап дефанзивец во историјата на Премиерлигата

Францускиот интернационалец Елиаквим Мангала е најскапиот дефанзивец што ќе игра во Премиерлигата во Англија откако го купи Манчестер сити од Порто за сума од 31,9 милион фунти.

Досегашниот рекорд беше во сопственост на Рио Фердинанд од 2002 година кога стоперот на Лидс премина во Манчестер јунајтед за 30 милиони фунти.

Мангала има 23 години, а потпиша 5-годишен договор со Манчестер сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top