Младиот шпански мотоциклист Репсол Марк Маркез продолжува со доминацијата во Мото ГП шампионатот. Актуелниот светски шампион и возач на Хонда по десет трки има десет победи оваа сезона. На последната трка во Индијанаполис САД стартуваше од пол-позицијата, но веднаш падна на четвртото место. Долга беше борбата со возачите на Јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси, за првото место и сѐ до десет круга до крајот борбата беше неизвесна. Откако го зазеде лидерското место, Маркез беше неприкосновен до крајот на трката. Втор заврши Лоренцо, а трет беше Роси.
Со оваа победа тој се изедначи со легендата во мототрките Џакомо Агостини со по десет победи по ред во кариерата.
Маркез води во генералниот пласман со максимални 250 бода, 89 повеќе од неговиот клупски колега Дани Педроса и 93 од легендата Валентино Роси.
Следната трка се вози за големата награда на Чешка на патеката во Брно на 17 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


