| четврток, 6 декември 2018 |

Чија професија е најбарана во Македонија?

20130225-profesii

Програмерите, инженерите, градежните работници, фармацевтите најбрзо наоѓаат работа на берзата на труд како најбарани профили на работници во моментов. Сѐ побарани се и стручните работници, работниците во производството, шивачите… а професијата продавач веќе подолго време е меѓу врвот на листата најбарани професии на берзата на труд во земјава, пишува во анализата „Лидер“.

Oколу 5.000 работни места константно се отворени на пазарот на труд во Македонија. Компаниите кои вработуваат бараат кадри од секаков вид, стручни работници, но и високо образовани професионалци. Техничко- технолошкиот напредок, економскиот раст и развој на компаниите, како и се поголемото присуство на странските компании во Македонија ја менуваат структурата на барањата за посебни знаења и вештини кои ги претпочитаат работодавачите на берзата на труд во моментов.

ИТ професионалците, инженерите и кадрите од техничко- технолошките струки веќе подолг период се на цена на пазарот на труд, а истражувањата на АВРМ покажуваат дека и понатаму овие професии ќе бидат најбарани. Поконкретно, во иднина се почесто ќе се бараат професиите програмер, информатичар, градежен инженер, архитект, архитект- проектант, машински инженер, инженер технолог, фармацевтски технолог, електроинженер…

Од профилите со средно образование најбарани се комерцијалистите, градежните техничари, операторите на медицинска опрема, текстилните техничари, шивачите, шивачите на текстил, кројачите, продавачите, браварите, столарите, заварувачите, армирачите, лимарите, градежните работници … Во иднина пак, ќе се бараат работници за производствена линија, работници за едноставни работи во производство на текстил, дистрибутери и слично.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top