Повеќе од половината граѓани се против предвремени избори и сметаат дека избори не се решение за политичката криза. Речиси две третини, пак, не ја оправдуваат одлуката за бојкот на опозицијата, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје.
На прашањето дали го поддржувате напуштањето на парламентот од страна на пратениците од опозицијата сè до прогласување предвремени парламентарни избори, 34,6 проценти од испитаниците одговориле со „да“, а 54,1 проценти се изјасниле негативно. Одговор на прашањето немале 11,4 проценти од анкетираните.
Педесет и седум проценти, пак, сметале дека актуелните политички проблеми не треба да се решат со предвремени избори, а 32 проценти ги гледаатизборите како решение од кризата.
На прашањето дали сметате дека е исправна одлуката за бојкот на локалните избори, 65,6 проценти одговориле негативно, а 20,8 проценти одлуката ја сметале за правилна.
Прашани каде сметаат дека меѓународната заедница ќе ја лоцира вината за бојкотот, 40,8 проценти одговориле кај опозицијата, а 23,3 проценти кај власта.
Сепак, 62,4 проценти сметаат дека сè уште има простор за политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за опозицијата да учествува на изборите. Без надеж дека е можен договор биле 27,4 проценти од анкетираните граѓани.
Истражувањето било спроведено телефонски во периодот од 25 до 28 февруари на 1.110 испитаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.