
„Ало докторе“ е нов проект на министерството за здравство на Македонија во кој што ќе се формира повикувачки центар кој ќе нуди медицински совети на граѓаните. Веќе е објавен и оглас за пријавување на лекар.
Докторите кои ќе работат во овој центар, потребно е да бидат доктори на медицина или специјалисти од која било специјалност во медицината, со најмалку 10-годишно работно искуство. Центарот особено има потреба од лекари од областите на Интерна медицина, Анестезиологија, Педијатрија, Трауматологија, Инфектологија, Кардиологија и Неврологија.
Докторите може да бидат вработени во јавни или приватни здравствени установи, невработени или пензионирани доктори.
Министерството за здравство со докторите кои ќе бидат селектирани, во рамки на Програмата „Здравје за сите“ ќе склучи посебен договор, кој ќе вклучува работа во смени со времетраење од 4 – 8 часа, а може и 12 часа во една смена.
Докторите во повикувачкиот центар од „Ало Докторе“, ќе бидат поврзани со Мој-Термин и ќе можат да му помогнат на пациентот со известување за следните чекори во однос на извршената телефонска консултација. Комуникацијата меѓу докторите и пациентите ќе се снима, a бројот ќе биде достапен 24 часа, 7 дена во неделата. Работата во повикувачкиот центар за докторите кои се во работен однос, ќе се одвива вон работното време. Рокот за пријавување е до 20 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лекарите од „Ало докторе“ цела година се без плата
-
На децата прв пат им бил откриен дијабетес кога биле донесени во болница
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина


