| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ти помине како на Куче – Комити од Гелзенкирхен за Турчин

На својот фејбук профил членови на навивачката група Комити од германскиот град Гелзенкирхен на својот другар кој беше повреден при експлопзија на шок бомба на натпреварот Вардар – Пелистер му порачуваат да не се секира затоа што повредата на левата рака од која изгуби два прсти ќе му поминела како на куче.

На фотографијата објавена на профилот Komiti Skopje- Ultras Gelsenkirchen brootherhood кој го водат Комити што живеат во Германија и кои покрај за Вардар навиваат и за збратимениот клуб Шалке 04 е напишана порака во која се велич:

„ Голем поздрав и побрзо да оздравиш и да ти даде Господ здравје.

П.С.

Не се секирај ќе ти помине како на куче

 

„ Ќе ти мине како на кутре“ е стара македонска изрека која се користи најчесто кога некое дете ќе доживее мала повреда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top