| четврток, 6 декември 2018 |

Навивач на Вардар украде и активира шок-бомба и ја загуби раката

Навивач на Вардар настрада на гостувањето во Битола, откако украде шок-бомба од полицаец на трибините и ја активира. Од експлозијата тој ја загуби раката до подлактицата, а уште неколкумина навивачи на гостите од Скопје заработија сериозни повреди.

Попладнево се играше вечното македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар, кое за жал повторно мина во тензична атмосфера со сериозни инциденти. Експлозијата беше заглушувачка, а се случи во самиот финиш на дуелот што го доби Вардар со 1-0.

Веднаш реагираа медицинските лица и со возило на брза помош неколку навивачи на Вардар беа пренесени во болница. Натпреварот беше во прекин десетина минути, а потоа се доигра само една минута од судиското продолжение.

Од вардаровите навивачи, неофицијално, кружи приказната дека шок-бомбата при обидот да се извади групата надвор од трибината била активирана од еден од полицајците, а еден од симпатизерите на Вардар во обидот да ја отстрани ја допрел по што ја загубил раката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top