| четврток, 6 декември 2018 |

Скромно дерби македонско, настрадаа навивачите, а Вардар лесно ја освои Битола

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го победи Пелистер со 1-0 во вечното македонско дерби и тоа во премиерното коло од новата сезона во Првата лига.

Филип Петров е клучот на триумфот на „црвено-црните“ кои неочекувано лесно славеа на жешкиот терен во Битола. Петров погоди со глава во 50. минута по центаршутот на засилувањето на Вардар Хамбарџумјан. Гостите од Скопје беа подобри во текот на целиот меч, иако дербито не го понуди очекуваниот квалитет.

Во самиот финиш на мечот во Битола имаше и прекин поради судир на навивачите на Вардар со полицијата. Имаше и експлозија на трибините и многу работа за медицинските лица. Со возило на брза помош неколкумина симпатизери на гостите беа однесени во болница.

На прагот на изненадување во првото коло приреди беа фудбалерите на штипска Брегалница во Тетово, но Шкендија сепак славеше со голот на Кавдански во судиското продолжение. Матиќ им донесе предност на гостите во 35. минута, а Вручина и Кавдански со голови во последните десетина минути направија превсрт и и донесоа победа на Шкендија.

Силекс на убав начин го приослави враќањето во Првата лига, а во Кратово падна Хоризонт Турново. Пановски и Велинов беа прецизни за триумф на Силекс од 2-0.

 

со реми, 1-1, против големиот фаворит Шкендија. Избарниците на Ѓоре Јовановски поведоа во 35. минута со голот

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top