Претседателот на Комисијата за верификација на факти Томе Аџиев во интервју за МИА вели дека Комисијата во рамки на предвидените рокови изврши проверка на кандидатите за советници и градоначалници, во пресрет на локалните избори. Сепак, тој наведува дека останува можноста доколку некое од имињата на кандидатите се појавува во некои досиеја или документи, повторно да биде разгледувано.
Во однос на роковите за спроведување на проверката, истакнува дека во понатамошна постапка може да се анализира дали е потребно нивно ревидирање. Согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик, во понеделник до полноќ Комисијата ќе ги прима новите листи, а штом добие информации од четирите институции, ќе ги разгледа и потоа ќе достави извештај до ОИК односно ДИК.
– Ние очекувавме вакво динамично темпо за време на локалните избори. Во рамките на законски предвидените рокови ја завршивме работата. Дали постапката се одвиваше брзо, динамично и дали треба поинакви рокови е прашање што треба во понатамошното работење на Комисијата да се анализира и да се види дали некаде може да се пушти малку рокот или не, изјави за МИА Аџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)
-
Таравари ќе бара нови локални избори ако не се донесе буџетот на општина Гостивар
-
Заврши прегласувањето во ИМ 2901 во Чаир
-
Груевски: Во Драчево ќе изградиме нова детска градинка, спортска сала и парк во секое маало