| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ќе ги полни батериите во Крањска Гора

Ракометарите на Вардар заминаа на подготовки во познатиот ски-центар Крањска Гора во Словенија, каде што ќе останат нешто повеќе од една недела. До 9 август „црвено-црните“ ќе ги полнат батериите во Крањска Гора, а потоа ќе се вратат во Македонија и ќе играат на традиционалниот турнир во Струга.

Таму ќе ги одмерат силите со квалитетни екипи, а покрај Вардар, учесници ќе бидат и македонскиот првак Металург, потоа и францускиот Кретеј, Санкт Петербург од Русија, српскиот гигант Металопластика и Азоти Пулави од Полска.

 

Фото: rkvardar.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top