| четврток, 6 декември 2018 |

Алиша Кис очекува второ дете

Singer Keys poses for a portrait while promoting her new album "The Element of Freedom" in New York

Пејачката со раскошен вокал соопштила дека е бремена со второ дете.

Алиша Кис ја споделила оваа убава вест со своите фанови по пат на социјалните мрежи. Имено, таа и нејзиниот сопруг Свиз Биц ja слават четвртата годишнина од бракот, а за да биде радоста поголема, тие двајца го очекуваат своето второ дете.

– Љубов на мојот живот, среќна годишнина! Уште послатко е, бидејќи ни пристигнува уште еден ангел. Никогаш не сум била посреќна! Да бидеме среќни уште многу, многу години – напишала пејачката која веќе го има тригодишниот син Еџипт Дауд Дин со Свиз Биц.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top