| четврток, 6 декември 2018 |

Талентите на Вардар и на Партизан најдобри на „Скопје куп 2014“

Талентите на Вардар и на Партизан ги освоија првите места и пехарите на првиот турнир „Скопје куп 2014“. Вардарци славеа со 1-0 во финалниот меч против Војводина во конкуренција на фудбалери до 17 години.

Сабахудин Аломеровиќ постигна вистински еврогол од 25 метри за победа на „црвено-црните“ во финалето против одличниот тим од Нови Сад.

Белградски Партизан беше уверливо најдобар во конкуренција на тимови со фудбалери на возраст до 19 години. Познатата Партизанова младинска Академија го потврди квалитетот и на турнирот во Скопје, а победата од 4-0 во финалето против Осиек им го донесе пехарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top