Скопјанецот Тоше Јовчевски со своите 215 сантиметри и 19 години е највисокиот тинејџер во Македонија, а лекарите му рекле дека до својата 25 година би можел да порасне уште 2 сантиметри, пишува Телеграф.мк.
Тоше има проблеми со гардеробата и истата ја шие, а обувки може да најде само во една продавница бидејќи носи број 50.
Проблем му претставува и креветот, па како што вели за Телеграф дома му е сè по нарачка.
Највисокиот тинејџер во Македонија тренира кошарка во МЗТ Скопје, имал понуди и од странски клубови, но се уште не одлучил да замине. Негов идол од македонската кошарка е нашиот НБА-играч Перо Антиќ.
Како што ни раскажа Јовчевски, тој има проблем и да најде девојка која ќе му одговара на неговата висина.
ФОТО: Радован Вујовиќ – Телеграф.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



