| четврток, 6 декември 2018 |

Минатата година остварен најголем извоз на Македонија во Германија

Flag-Pins-Macedonia-Germany

Трговската размена меѓу Македонија и Германија во 2012 година достигна 1.476 милиони евра. Според податоците од германското Сојузно министерство за економија и технологија, во Македонија се увезени стоки и услуги од Германија во висина од 963,71 милион евра, а извозот кон Германија изнесува 512,30 милиони евра.

Од претставништвото на Германската стопанска комора во Македонија, кое денеска ги објави податоците, оценуваат дека минатата година е постигнат најголемиот извоз на Македонија со Германија во споредба со изминатите пет години.

– Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик и облеката. Во изминатата година имаше значајни инвестиции во Македонија  во секторот на автомобилската индустрија,  чиешто производство првичните резултати ќе ги покаже во тековната 2013. Овие инвестиции ќе донесат нови работни места, што позитивно ќе влијае на македонскиот извоз, оценува директорот на Германската стопанска комора во Македонија, Михаел Шмит.

Тој очекува дека годинашните прогнози за развој на германската економија позитивно ќе се одразат и врз германско-македонската трговија.

Според анкетата на Стопанската комора на Германија во Берлин направена меѓу 28.000 компании годинава се очекува во Германија раст на увозот за 4 проценти и на извозот за 4,3 проценти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top