Драган Маринковиќ, таткото на починатото осуммесечно бебе Андрија, штом излегол од градската болница „8 Септември“ веднаш со роднините од Србија заминал во Ургентниот центар, каде што се сместени неговата 30-годишна сопруга Марија и петгодишниот син Матија. Марија е во критична состојба, а детето е подобро, јавува „Канал 5“.
Критична е состојбата на 23-годишниот Никола, брат на Драган. На лекување се и патниците од другиот автомобил и се во стабилна состојба. Возачот на „фиестата“, кој ја предизвикал несреќата, е во болницата „8 Септември“ и е под полициски надзор.
Марија и Драган живееле во Швајцарија. По долгиот пат едвај чекале да стигнат дома. По одморот во родниот крај, среќни со помалиот брат Никола заминале на одмор во Грција. Решиле да одат во Паралија и заедно да го поминат одморот.
Стигнаа до Демир Капија кога во седум часот возилото „форд фиеста“ од другата страна преминело на полна линија и директно удрило во „шкода фабијата“, во која било семејството Маринковиќ. На пат кон болницата во Велес почина 8-месечното бебе, помалиот син на Марија и Драган. Докторите со плачење раскажуваа дека жалат што бебето не добило шанса за лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)



