| четврток, 6 декември 2018 |

Лалакос: Грција е подготвена да го реши спорот

– Никогаш не сум дал изјава за тоа колку брзо ќе биде решен проблемот, бидејќи тоа е нешто што јас не преговарам како претставник на Грција во Скопје. Искрено се надевам дека проблемот со името ќе биде решен наскоро, затоа што грчката влада и официјално има изјавено и постојано повторува дека е подготвена да се реши проблемот. Ние цврсто веруваме дека соработката што постои помеѓу двете земји и двата народа, која е многу добра во многу области, може да биде ослободена и да го достигне својот целосен потенцијал кога ќе имаме прифатливо решение за проблемот со името, прифатливо за двете страни – изјави новиот амбасадор на Република Грција во Македонија, Теохарис Лалакос, на денешната средба со битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Лалакос на позицијата шеф на Грчката канцеларија за врски во Македонија е повеќе од еден месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top