| четврток, 6 декември 2018 |

Со детска книга против стресот од болница

bolnica„Зошто сум во болница“ е наслов на книгата, која им се дели на сите деца хоспитализирани во Детската клиника, а која треба да помогне за надминување на психолошките проблеми на детeто предизвикани од стресот од престојот во болницата и терапијата.

Станува збор за проект инициран од Италијанскиот мулти-информативен центар во Скопје, од Детската клиника при Клиничкиот центар и финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија, а по примерот на праксата во италијанските педијатриски болници каде се аплицира веќе пет години и е задолжителна, а вклучува и ангажман на деца, односно лица волонтери за работа со децата.

Директорката на клиниката Аспазија Софијанова посочи оти станува збор за пракса, која се применува секаде во светот, а од денеска и на нивната клиника.

– Децата кои што ќе доаѓаат во болниците ќе се дружат со децата кои се лекуваат за да им помогнат да не се плашат од белите мантили. Едноствано да можат да сфатат дека и ова е дел од нивната приказна која мора да ја надминат, да им го олесниме тој чин за кој тие не се ни свесни кога доаѓаат во болница, рече Софијанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top