| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските јуниорки го победија Узбекистан за утеха

Македонските ракометни јуниорки ја забележаа првата победа на Светското првенство во нашата земја, а по 4 порази „падна“ Узбекистан.

Избраничките на селекторот Аце Станковски славеа со 36-28, но немаат шанса за пласман во следната фаза, бидејќи го завршија настапот во фазата по групи на претпоследното место, само пред денешниот противник. Денеска Македонија беше подобра од Узбекистан и ги доби двете полувремиња со по 4 погодоци позитива, за убедливи 8 гола разлика на крајот.

По првиот дел беше 17-13, а предноста ја задржавме и во текот на следните 30 минути, период што им припадна на домаќините со 19-15.

Првопласираните четири селекции од Ц групата, Данска, Германија, Романија и Аргентина ќе ја продолжат битката за медали, а Македонија со два бода и Узбекистан без бодови испаднаа од трката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top