| четврток, 6 декември 2018 |

Феномен во Индија: На момче му извадиле 232 заба

забар

Стоматолози во една болница во Индија извадија рекордни, 232 заба на едно момче кое дошло на заболекар поради болки во устата.

Седумнаесетгодишниот Ашик Гаваи дошол во болница жалеќи се на проблем со голтањето и болки во устата. Откако го прегледале, стоматолозите откриле дека момчето боледува од одреден вид аномалија на распоред на забите поради што му била извршена операција.

заби

Операцијата треала повеќе од седум часа, а заболекарите на крајот и самите биле изнанадени од тоа што го виделе – извадиле вкупно 232 заба.

– Прво почнавме да ги вадите помалите заби, а потоа поголемите. Некои беа со големина на зрно бибер, а некои со големина на грашок. На крајот бевме шокирани кога ги преброивме – изјави докторката Сунанда Диваре Палванкар.

заби1

Таа напомена дека поголемиот број од забите ќе се развивале нормално, ако не биле извадени со операцијата.

Момчето и порано имало болки во вилицата, но докторите не го дијагностицирале проблемот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top