Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит и еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе денеска доаѓаат во Македонија за да им упатат сериозна порака на политичките фактори во државата дека е крајно време да се стави крај на кризата. Со нив доаѓа и поранешниот претседател на Европскиот Парламент Јержи Бусек.
Во пресрет на нивната итна посета во која е предвидено вечерва да остварат средби со партиите од власта и опозицијата во Скопје, Ховит порача: „Нашето заедничко присуство покажува дека Европа е едногласна кога вели дека сега е време да се стави крај на поделбите во Скопје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


