
Почна да работи првата од неколкуте галии кои се градат и кои се стационирани во реката Вардар. Ќе функционира како мезе-бар и кафуле, со цени и работно време како и останатите слични угостителски објекти низ градов.
Конструкцијата и на двата брода е од челик и дрво, а внатрешноста е од гипс- картон. Всушност, изградени се од материјал кој може лесно да се демонтира со оглед на тоа дека станува збор за урбана опрема. Бродот спроти МНР уште се гради.
Освен три сплава, во Вардар е предвидено да има шест такви објекти. Преостанатите три локации наменети за сплавови уште се празни. Нема ниту еден заинтересиран инвеститор и по речиси две години и неколку распишани огласи од градските власти. Маркици за сплавови има пред Театарот, Музејот на ВМРО и пред МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


