Македонските јуниорки загубија од Германија со 20-24 на стартот од натпреварите на Светското првенство за ракометарки до 18 години. Во Струмица избраничките на селекторот Аце Станковски одиграа добар меч, но сепак фаворитот ја прокнижи првата победа. Во финишот на мечот Германките направија позитива од 5 гола разлика, 24-19 и ги разрешија дилемите околу победникот.
Едно од најталентираните крила на светот Сара Ристовска постигна 7 погодоци од вкупно 20 за Македонија и беше најефикасна на мечот, а Керамитчиева со 6 и Германката Болк со по 6 гола се веднаш зад неа на листата на стрелците.
Денеска е слободен ден, а утре Македонија ќе игра со Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


