Седмото издание на фестивалот на пивото – „Пиволенд“ ќе се одржи на добропознатата локација – скопското Кале, оваа година со мали измени во датумот на одржувањето- наместо во септември, во фестивалот ќе уживаме кон крајот на август, односно од 20 до 24 август.
Пет фестивалски дена, големи имиња од македонската музичка сцена кои одамна не сме ги гледале на фестивалите, но и гости од странство, многу пиво, гурманска храна и катчиња за забава се само дел од она што нѐ очекува на овогодишниот „Пиволенд“.
Пивото важи за пијалак кој е најдобар за отпуштена дружба, а доказ за тоа се седумте успешни фестивалски години на „Пиволенд“. И оваа година посетителите ќе имаат можност да дегустираат повеќе од 30 вида јачменов „сок“, а влезот, традиционално, ќе биде бесплатен. Фестивалот е во организација на Град Скопје и „Темов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искачување на Кале со лифт: Два тунелa ќе бидат пробиени под Скопската тврдина
-
Врие од полиција пред Кале – нема простор за паника, се работи за полициска вежба
-
Со „Ван Гог“, САФ и САРС, годинава јубилејно десетто издание на „Пиволенд“
-
Војна на Кале: Дилери претепале полицајци, со вили и токмак мавале кај ќе стигнат