| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Ван Гог“, САФ и САРС, годинава јубилејно десетто издание на „Пиволенд“

Годинава во Скопје ќе се одржи десеттиот јубилеен роденден на „Пиволенд“, од 7 до 12 август на скопското Кале.

Почнувајќи од 2008 година досега, на фестивалот настапиле големи имиња од светот на музиката, кои оставија свој белег на „Пиволенд“, меѓу кои се: Stereo MC’s, Суперхикс, Есма, Психомодо поп, Дубиоза колектив, Kosheen, Забрањено пушење, Рамбо Амадеус, Ортодокс Келтс, Синтезис, Кирил Џајковски, Гоце Арнаудов, Ритам Нереда, Ареа, Фолтин, Филм, Мањифико и уште многу други.

На годинашното јубилејно издание, посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне бебе, САРС, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ.  Интересен настап ќе понудат и девојките од Tribute to Beyonce.

За љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август се подготвени повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера, како и пренос на фудбалскиот натпревар од Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Наскоро ќе биде објавена целосната програма, како и сите забавни активности што ќе бидат дел од „Пиволенд“ 2017 година. Фестивалот е под покровителство на градот Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top