| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на Кале: Дилери претепале полицајци, со вили и токмак мавале кај ќе стигнат

policija kale skopjeПолицијата сакала да врши претрес во семејна куќа во Скопје, но таму се случила вистинска драма. Според информациите од МВР,  вчера околу  06,30 часот во Скопје на ул.„Нов Живот“, во домот на  41-годипниот З.И., поради основано сомнение дека истиот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ полициски службеници постапиле по Наредба од Основен Суд Скопје-1, со цел да извршат престрес.  Откако го повикале да ја отвори заклучената влезна врата, З.И. излегол, им кажал да го почекаат да се облече, по што влегол внатре во куќата и од внатрешната страна се искачил на покривот, и почнал да вика и со погрдни зборови да ги навредува полициските службеници. Потоа почнал да вади салонитни табли од кровната конструкција и ги фрлал кон полициските службеници, ја откорнал антената од кровот и повторно со закани и пцовки истата ја фрлил према полициските службеници. Околу 06.50 часот по усна наредба полициските службеници се повлекле на  безбедно место  и побарале дополнителни екипи од ЕПОИ АЛФА и ПС ОН Чаир. Откако се повлекле, на улицата излегле неколку машки лица со земјоделски алатки – вила, токмак и бекатонски цигли, со кои почнале да замавнуваат со намера да ги употребат према полициските службеници, по што од нивна страна им било наредено да се повлечат назад и да ги спуштат предметите на земја. И покрај наредбата продолжиле со дејствијата и во еден момент М.К. замавнал со вилата, при што удрил полициски службеник од АЛФА во пределот на левата рака – левиот рачен зглоб. Потоа истиот со вилата замавнал према друг полициски службеник, но истиот употребил блок и ударот со вилата завршил во левата потколеница, по што М.К. ја фрлил вилата и избегал во непознат правец, додека С. К. го фрлил токмакот и истиот е лишен од слобода заедно со М.С. и З. И.

Од страна на Брза помош   укажана му била прва помош на еден полициски службеник во полицискта станица –  Чаир и истиот со екипа од Брзата помош е пренесен во Ургентен Центар, каде му е констатирана тешка телесна повреда -фрактура, додека другиот полициски службеник се здобил со телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top