| четврток, 6 декември 2018 |

Врие од полиција пред Кале – нема простор за паника, се работи за полициска вежба

Под силно полициско обезбедување во попладнево оневозможено е движењето на автомобили кон Скопското кале. Полицијата е распоредена од ресторанот Под кале па се до новата зграда на Водовод и канализација од другата страна.

Како што дознава „Република“, нема потреба од паника, затоа што во моментот таму се одвива вежба за анти-тероризам на МВР.

Од МВР за вежбата повеќе информации најавуваат за утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top