| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска нестабилно

oblaci so sonce

Четвроток нема да донесе значителна промена на времето во однос на среда. Повторно мала до умерена облачност се очекува претпладне, а втората половина од денот ќе помине во генерално нестабилно време. Попладне повторно ќе има развој на купесто дождовна облачност, која локално ќе биде проследена со грмежи. Вечерта ќе биде свежа и со мала веројатност за локален дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, генерално од севеозападен правец. Повторно нема да имаме жешко време, иако четврток ќе биде малку потопол од среда.

Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 30°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 28°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 34°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Во скопската котлина се очекува променливо време со услови за дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од севеозападен правец. Максималната вредност на температурата ќе достигне 31°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top