| четврток, 6 декември 2018 |

Облак на „Висенте Калдерон“

Словенечкиот голман и член на Бенфика Јан Облак потврди дека од оваа сезона ќе биде голман на Атлетико Мадрид.

Доаѓањето на Облак на „Висенте Калдерон“ е уште еден доказ дека Тибо Куртоа по три години поминати како позајмен играч во Атлетико ќе се врати во Челси.

– Ја напуштам Бенфика и се селам во Атлетико Мадрид. Од мали нозе сонував да бранам во шпанската Примера, која е поквалитетна од португалската. Со доаѓањето во Атлетико, тоа е нов предизвик за мене и не сакав да го пропуштам. И се заблагодарувам на Бенфика за се што направи за мене, никогаш нема да го заборавам клубот. Трансферот нема никаква поврзаност со финансиите, туку е само желба – изјави Облак.

Облак по само една сезона помината на голот на Бенфика, доби повик од Атлетико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top