
Претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Серезо за шпанските медиуми изјавил дека голманот Јан Облак го продолжил договорот со клубот.
– Доколку тоа до сега не беше познато, Облак го продолжи договорот, рекол Серезо без да соопшти било какви други детали од договорот на Словенецот.
Јан Облак е еден од најдобрите светски голмани, а според шпекулациите неколку врвни европски клубови покажале интерес за неговите услуги. Словенецот оваа сезона, во Ла Лига, на 25 натпревари прими само 11 гола.
Облак во Мадрид пристигна во јуни 2014 година од Бенфика, а Атлетико за неговите услуги на португалскиот тим му плати 16 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


