Владата на Република Косово преку соопштение до медиумите вели дека ги следи случувањата во Македонија и изразува загриженост за зголемувањето на климата на насилство и ги повикува сите страни да дејствуваат внимателно за да се избегне понатамошна ескалација на ситуацијата, и предупреди дека некои сегменти во Македонија сакаат да ги злоупотребат протестите и да предизвикаат нови тензии, пренесува порталот „Алмакос“.
– Владата на Република Косово бара властите во Македонија да обезбедат спроведување на основните човекови права, во овој случај, конкретно да се овозможи правото на граѓаните да протестираат мирно. Владата на Косово бара транспарентност за судскиот процес во овој деликатен случај во Македонија, како и да не се остава простор да се исполитизира судскиот процес или да послужи како основа за развој на меѓуетничка омраза – се вели во соопштението.
Владата ги повикува и етничките Албанци во Македонија да бидат воздржани, да чекорат по патот на дијалогот и мирното разрешување на проблемите.
– Понатаму, Владата на Косово ги повикува Албанците во Република Македонија да се однесуваат воздржано и да бидат внимателни, да чекорат по патот на дијалогот и на мирното разрешување проблеми. Исто така, ги повикува да не станат жртви на провокациите од одредени сегменти кои се обидуваат да предизвикаат понатамошно затегнување на ситуацијата, и кои не ја претставуваат волјата на албанското население во Македонија. Овие групи имаат специфични цели кои се спротивни на националните интереси и ги повикуваме граѓаните да не соработуваат со нив и да не потпаднат под нивно влијание. Исто така, сите чинители и фактори во јавниот живот во Македонија треба да се ангажираат за да се спречи влошување на ситуацијата и насилни протести. Сите мора да соработуваат за да се изгради дух на мирот и соработката на Балканот, бидејќи институционалните можности за дијалог и меѓусебно разбирање се најдобриот начин на реашавање на проблемите во едно општество – се вели во соопштението од косовската влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!



