| четврток, 6 декември 2018 |

Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!

Челниците во Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан поднесоа оставки по вонредната седница на собранието на општините со српско мнозинство во северниот дел на Косово.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ ги потврди оставките и рече дека бил лично информиран.

-Градоначалниците на четири општини поднесоа оставки и го напуштија системот во Приштина. Ниту собранието на општините, ниту било кои други органи ќе продолжат да функционираат до повлекувањето на дискриминаторските мерки и прекинот на кршењето на човековите права – рече Ѓуриќ за телевизијата „Хепи“.

Судот во Косовска Митровица, судските единици во Зубин Поток и Лепосавич и сите судови и работници во овие судови престанаа да работат денеска од 9 часот, во знак на солидарност со граѓаните и протестите организирани поради мерките на Приштина и кршењето на човековите права на Србите на Косово и Метохија.

Како што е најавено, попладнево во Косовска Митровица ќе биде одржан мирен протест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top