Една од најголемите продавници за спортска опрема во Барселона, веќе почна да продава дресови од каталонскиот клуб со името на Луис Суарез со бројот девет, кој до сега му припаѓаше на Алексис Санчез.
Дека целиот трансфер е одамна договорен, денес потврди селекторот на Уругвај Оскар Табарез кој откри дека се било договорено уште во ноември минатата година, иако напаѓачот потпиша нов договор со Ливерпул, но со клаузула дека може да прејде во редовите на клубот од „Ноу Камп“.
Табарез исто така додаде дека Суарез за договорот на двата клуба, дознал пред почетокот на мундијалот во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.