Култната група „Пинк флојд“ во октомври оваа година ќе издаде албум по 20 години пауза, напиша портпаролката на групата и сопруга на Дејвид Гилмор, Поли Самсон, на својот профил на „Твитер“.
Како што открива таа, албумот ќе се вика „Endless River“ и ќе биде базиран на снимките од 1994 година, кога беше издаден нивниот последен албум „The Division Bell“.
Поли новото издание го опиша како „последното дело на Ричард Рајт“, клавијатуристот од култниот британски бенд кој почина во 2008 година, на 65-годишна возраст.
Не е познато дали на новиот албум ќе се најде музички материјал исклучително од 1994 година или и некои песни снимени подоцна, а групата уште официјално се нема огласено по оваа објава на Самсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.