| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемото Пинк Флојд шоу првпат во Македонија

На 14 ноември со почеток во 20,30 часот во ВИП Арена- Борис Трајковски ќе се одржи концерт на најдоброто трибјут Пинк Флојд шоу на светот, „Брит Флојд“ соопштија од „Авалон Продукција“.

„Брит Флојд“ се посветени на тоа да го оживеат „Пинк Флојд“ во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до „Пинк Флојд“. Во Скопје носат исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оргинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг, па затоа подгответе се за совршено аудио и визуелно доживување на легендарните песни од „The Piper at the Gates of Dawn” па се до „Division Bell”.

Brit Floyd Concert 2015

Ќе биде изведен и омилениот албум „Wish You Were Here”, како и легендарниот „The Dark Side of the Moon”, кој оваа година слави 45 години.

„Брит Флојд“ доаѓаат со своја продукција: звук, светло и видео.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top