| четврток, 6 декември 2018 |

И другарот на Башким Бела загинал во Сирија – скопјаните се бореле за Ал Каеда

sirija buntovnici

Пред Башким Бела (23), чија смрт во Сирија беше потврдена завчера од неговото семејство, на боиштата во Сирија бил убиен неговиот другар Ријад Мемиши, исто така од Скопје.

Иако бил убиен во ноември, дури сега е потврдена неговата смрт. Како што пренесува порталот „Алмакос“, и двајцата биле припадници на групата Џебхат ал Нусра, која е дел од мрежата на Ал Каеда. Мемиши загинал во една остра битка на муџахедините и војската на претседателот Башар ал Асад, во која учествувал и Бела, кој бил познат под името  Иса ел-Албани. Бела, пак, загинал во битка во која биле употребено тешко вооружување во индустриската зона „Шејх Неџар“ во Алепо. Тешко бил ранет во пределот на главата и на повредите им подлгеднал ден по ранувањето. Бела или Иса ел Албани бил во Сирија две години и еден од првите Албанци што заминале за Сирија.

skopjani zaginati sirija

Со Мемеши бројот на убиените Албанци од Македонија во Сирија се искачува на седум. Лани во мај беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Тој заминал за Сирија осум месеци пред да биде убиен. Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху, а во средината на август и Имер Ниметула, алијас Абу Зијат (38) од скопското село Грчец, во јануари годинава Алим Османи (22) од Скопје, кој во Сирија заминал во ланскиот јуни, додека во средината на мај годинава Аднан Реџепи(31) од Куманово, последно е убиен Башким Бела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top