| четврток, 6 декември 2018 |

132 македонски работници биле убиени или ранети во Ирак и во Авганистан!

amerikanska baza

Сто триесет и двајца македонски државјани биле убиени или ранети во Ирак и во Авганистан, информира американското Министерство за работа повикувајќи се на нивната статистика за годините во кои САД воено биле присутни во овие две земји. Како што пренесуваат балканските медиуми, станува збор за работници кои работеле за американски цивилни компании, кои, пак, се ангажирани од американската војска или од цивилни институции. Досега македонската јавност никогаш не дозна колку вкупно македонски државјани настрадале додека биле на печалба во овие опасни региони, каде што со години се водат војни.

Податоците се собрани од американското Министерство за работа, каде што се наведени адресите на работниците ангажирани од американските компании на кои по пошта им се испраќани информации за ранување или за смртно настрадани работници.

Во базата на податоци не се наведува колку од нив се загинати или починати, а колку се ранети, па оттаму не знаеме колку од тие 132 македонски државјани се смртно настрадале на печалба.

Според објавените информации, до декември 2012 година во Ирак и во Авганстан се убиени  вкупно 3258 работници, а ранети биле 90.000. Најмногу настрадани се од САД 18.701.

Од 45.194 регистрирани странци, пак, кои работеле за американски компании загинале 3.079. Од Балканот најмногу настрадани има од БиХ – 185, а потоа од Македонија 132. Потоа следуваат Унгарија со 40 настрадани, Србија 39, Косово 27, Хрватска 14.

Нема информации ниту колку вкупно македонски граѓани отишле да работат за американски компании во Ирак и во Авганистан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top