Ноќва по полноќ, околу 01:40 часот, на автопатот Велес – Скопје, на клучка Петровец, при собраќајната контрола било запрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.З.(45) од Скопје.
Откако му биле побарани документи, возачот излегол од возилото и почнал да ги навредува полициските службеници, при што физички нападнал еден од нив нанесувајќи му видлива повреда.
По целосно расчистување на случајот, против Ѓ.З. ќе биде поднесен соодвет поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


