| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистичка милитантна група сака да прогласи калифат и во Македонија

Исламистичката милитантна група ИСИЛ која прогласи калифат, односно Исламистичка држава на териториите на Ирак и Сирија го објави својот петгодишен план за глобална доминација. Имено планот е покажан на карта со јасни граници кои сунитските милитанти и нивниот водач Абу Бакр ал Багдад, планираат да ги освојат.

Protest in Baghdad

Освен балканските земји, на картата се покажани и Австрија, Унгарија, дел од Украина, Шпанија, Блискиот Исток, северна Африка, како и големо подрачје од Азија, а во нив треба да владеат строги шеријатски закони.

kalifat-foto-twitter-1404134466-526163-654x392

На чело на ИСИЛ е Абу Бакр ал-Багдад, кого го нарекуваат новиот Осама бин Ладен, а Американците нудат 10 милиони долари за неговата глава. Го опишуваат како исклучително амбициозен насилник со супериорни тактички способности, а за него нема многу информации. Ал Багдад е прогласен за калиф Ибрахим и водач на сите муслимани во светот, а групата ги повикала муслиманите да му искажат верност на новиот владетел и да ја отфрлат демократијата и се друго кое им го нуди западот.

По прогласувањето на калифатот, ИСИЛ го промени своето име во Исламска држава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top