| четврток, 6 декември 2018 |

Адаптација на земјоделството на климатските промени

zemjodelci-520x313Адаптација на земјоделството на климатските промени беше темата на работилницата во Неготино како дел од проектот на УСАИД.

-На земјоделците им се нудат решенија и мерки за адаптирање кон големите климатски промени и временски неприлики како суша, град, прегорување од сонцето. Во екстремни временски услови тие треба да го прилагодат своето земјоделско производство. На овој проект работиме од 2012 година, а на таа проблематика ќе бидеме посветени и наредните три години. Сконцентрирани сме на лозарството, овоштарството и градинарството бидејќи овде најмногу се чувствуваат тие климатски промени. На земјоделците им беше кажано како со подлоги да се зголеми отпорноста кај овошките но истовремено да се зголеми и родот, рече во изјава за медиумите Ана Дамовска, тим лидер на проектот.

Едукацијата беше за земјоделци и вработени во работните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино и Кавадарци. Предавачи беа професор  доктор Марјан Кипријановски од факултетот  за земјоделски  науки и храна од Скопје и доцент доктор Виктор Ѓамовски од земјоделскиот институт  од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top