Македонија е на првото место на листата на најевтини, најбезбедни и најпријателски настроени земји, а наречена е едноставно „скриен бисер на Балканот“.
На светски познат блог, блогер кој патува низ светот направил интересна листа на земјите кои смета дека најмногу вредат да се посетат, а Македонија ја вбројува прва на неговата листа.
Според него, најважно за една земја е нејзините жители да имаат пријатен и отворен однос кон туристите. Тој вели дека според него, тоа е најодлучувачкиот фактор за тоа дали ќе посети одредена земја или не.
Исто така, тој истакнува дека трошоците за престој во истата се од големо значење за туристите.
Безбедноста, вели блогерот, е клучна за туристите, затоа што безбедноста значи дека земјата нуди добра забава.
Доколку се чувствува безбедно во една земја, вели дека слободно и отворено може да истражува „скриени“ убавини и во најзапуштените предели на истата.
Во комбинација на овие три клучи фактори, блогерот направил листа на земјите кои се најбезбедни, најевтини за престој и имаат најпријателски настроени граѓани.
Еве како изгледа таа.
- Македонија
- Грузија
- Соединети Арапски Емирати
- Мароко
- Хонгконг
- Црна Гора
- Малта
- Тајван
- Етиопија
- Тајланд
- Естонија
- Шри Ланка
- Непал
- Босна и Херцеговина
- Португалија
За крај, блогерот истакнува дека Македонија е скриен бисер на Балканот, за кој многумина можеби и не слушнале, но инсистира дека мора да се посети и да се доживее земјата и нејзините убавини.
Колку за споредба, Венецуела, Тринидад и Тобаго, Боливија, Русија, Нигерија, Норвешка, Иран, Латвија, Данска, Аргентина, Порторико, Австралија, Франција, Пакистан и Италија се земјите кои се најлошо рангирани во поглед на безбедноста, трошоците и пријателскиот дух на населението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




